Луис Де ла Фуенте официјално е наименуван за селектор на шпанската сениорска фудбалска репрезентација. Де ла Фуенте доаѓа на местото на Луис Енрике, кој пред неколку часа беше сменет од функцијата.
За новиот селектор, ова е преселба од позицијата селектор на младата (У-21) репрезентација во А тимот на Црвената фурија. Нешто слично направивме и ние со Благоја Милевски. А, во септември 2020 година, Де ла Фуенте и Милевски се надмудруваа на меч на младинските селекции на Македонија и Шпанија во Скопје.
Тогаш Шпанците одвај победија со 1-0 со гол од пенал, и тоа откако при 0-1, во 88-ма минута Македонија не реализираше пенал. Од тој шпански состав што преклани победи во Скопје, на СП во Катар играше само Педри.