Британскиот боксер Тајсон Фјури, даде свое мислење за падот во формата на португалската фудбалска мега ѕвезда Кристијано Роналдо.
„Победата над Кличко ми беше врв во кариерата. Тогаш без аутсајдер, луѓето мислеа дека ќе ме уништи. Тој беше апсолутен шампион 11 години, мислев дека е непобедлив, но не беше така. Природатра си го прави своето. Кога имате 38 години како Кличко тогаш, сакале или не, веќе сте во надолна линија. Еве, видете го Кристијано Роналдо, има 37 години, најдобри доктори, најдобри физиотерапевти, а веќе паѓа и не е истиот како порано. Факторот време не чека никого, без разлика каков начин на живот имате. Годините ве стигаат, нема бегање од тоа“ – вели Фјури.