Кризата не го одмина ниту ПСЖ, Мбапе се заканувал со заминување бидејќи му доцнела платата

Францускиот шампион ПСЖ се смета за еден од најбогатите клубови на светот, но кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот и војната во Украина, тропна и на нивна врата и на управата и направи проблем со Килијан Мбапе кој потоа беше решен.

Одличниот напаѓач кој на СП во Катар веќе постигна пет гола за Франција и утре го очекува четвртфиналната пресметка против Англија, пред два месеци јавно се закани дека е подготвен да си замине од ПСЖ. Медиумите тогаш пишуваа дека Мбапе е незадоволен од состојбите во клубот, но вистинската причини е откриена дури деновиве.

Весникот „Лекип“ пишува дека Мбапе не ја добил на време септемвриската плата и поради тоа бил незадоволен. Платата легнала на неговата сметка дури на 11. октомври иако во договорот му пишува дека тој треба неделно да биде исплаќан. Неделната плата на Мбапе изнесува 1.3 милиони евра, а управата на ПСЖ брзо го решила овој проблем и му ги исплатила средствата на напаѓачот за сите четири недели од септември одеднаш.

- Оглас -

Најнови вести