Лионел Меси е огромен адут за трета светска круна на Аргентина, а и вечерва повторно потврди дека е решен конечно и тој да ја крене Златната божица.
Против Холандија мудро диригираше со аргентинскиот состав, а асистенцијата во 35. минута до Нахуел Молина му беше светска.
Буквално со компјутерски потег и прецизен пас го исфрли соиграчот сам пред голманот Ноперт, кој беше немоќен и Молина благодарение на Меси и донесе предност од 1:0 на Аргентина, резултат кој е актуелен по првото полувреме.
ARGENTINA GOAL WHAT AN ASSIST BY MESSI pic.twitter.com/kjhIpformx
— MC (@CrewsMat10) December 9, 2022
Победникот од второто четвртфинале што е во тек ќе игра против Хрватска, а засега Аргентина е поблиску, бидејќи води со 1:0.