Лионел Меси ја предводи Аргентина до полуфиналето на Светското првенство и сега на Гаучосите им се потребни само уште две победи, за да го остварат сонот, а тоа е освојување на трофејот од Мундијалот. Аргентина синоќа по голема борба, дури по подобро изведување на пенали ја елиминираа Хрватска, во меч кој беше рекорден по бројот на доделени жолти картони.
Главниот судија Маеу Лахоз од Шпанија даде дури 14 жолти картони, што покажува колку било тензично на теренот во текот на повеќе од два часа рововска битка меѓу двата тима.
По завршување на мечот, Меси даваше изјава кога во еден момент капитенот на Аргентина се сврте кон некого и му викна: „Што е? Што гледаш? Што сакаш? Бегаш од тука глупаку“, луто викаше Меси, додека новинарот се обидуваше да го смири. Уште не се знае на кого Меси му се обрати со тие зборови.
https://twitter.com/i/status/1601341064904060929
Потоа Меси се смири и го најави дуелот со Хрватска. „Аргентина е меѓу четирите најдобри затоа што имаме играчи кои знаат да играат фудбал и на секој меч покажуваат ист интензитет и желба за победа. Многу сум среќен. Сега следи Хрватска, која е сјајна селекција. Одлично парираше на Бразил. Тоа е тим ко веќе долго време работи со изт селектор и добро се познаваат. Ќе биде многу тежок меч. Видовме дека ако им дозволите да играат, може да бидат многу опасни. Хрватска е тим кој знае дак игра со топка, а посебно се добри во средниот ред“, рече Меси во најава за полуфиналната битка која ќе следи.