Нова германска трагедија на скијање – Нојер ја скрши ногата и е опериран, за него заврши сезоната (Фото)

Голманот на минхенски Баерн, Мануел Нојер ја скрши ногата на скијање и веднаш беше опериран, по што е соопштено дека за него заврши сезоната.

Нојер добро ја поднел операцијата и по неа почна процес на рехабилитација кој ќе трае долго, но објави фотографија на Инстаграм со која потврди дека е во добра состојба.

Германскиот голман веднаш по елииминацијата на неговата репрезентација уште во фазата по групи на Мундијалот во Катар замина на одмор и на скијање, но за негова жал мораше да го прекине по тешката повреда.

Пред 9 години уште една голема германска легенда, Михаел Шумахер доживеа тешка повреда на скијање на француските алпи, а 7-кратниот Ф1 шампион мина многу полошо и се уште е неконтактибилен по повредите на главата.

- Оглас -

Најнови вести