Пари Сен Жермен немаше никакви проблеми и убедливо со 33:21 го победи Целје, во меч од второто коло од ракометната Лига на шампиони. За „светците“ ова е втора победа и потврдија дека сезонава ќе бидат меѓу главните фаворити за титулата. Причина плус поради која ПСЖ сезонава е многу посилен секако е и тренерот Раул Гонзалез.
Доскорешниот тренер на Вардар многу брзо успеа од ПСЖ да направи тим кој ќе ги „меле“ противниците. Заедно со Скјерн, ПСЖ е со максимален учинок во Б групата. Скјерн славеше против Мотор Запорожје во чии редови игра македонскиот репрезентативец.