Англија се врати во игра, за прв пат во историјата на СП, соиграч му даде гол од пенал на клупски колега

Англија успеа на стартот од второто полувреме да израмни на 1:1 против Франција и да се врати во игра во последниот четвртфинален натпревар на Мундијалот во Катар.
Првиот дел заврши со водство на Франција од 1:0, но Англичаните успеаја во 54-та минута да постигнат гол преку Хари Кејн и да дојдат до израмнување.

Кејн беше сигурен реализатор на пеналот кој беше досуден по прекршокот на Чуамени во сопствениот шеснаесетник над Букајо Сака.

Со голот на Кејн за прв пат во историјата на Светските првенства се случи соиграч да му даде гол од пенал на клупски колега. И Кејн и голманот на Франција, Уго Лорис, играат во Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести