Сестрите на Роналдо застанаа во негова одбрана: Го убивте Кристијано

Репрезентацијата на Португалија го заврши настапот на Светското првенство во Катар во четвртфиналето и тоа со шокантниот пораз од Мароко од 1:0, со што заврши мундијалскиот сон на Кристијано Роналдо кој се најде на удар на јавноста и голем дел од навивачите во татковината.

Со раната елиминација, започна потрагата по виновникот за неуспехот и голем дел од јавноста и навивачите, прстот го вперија токму во 37-годишниот Роналдо иако натпреварот против Мароко го започна од клупата за резерви.

Но, многумина веруваат дека со Роналдо на терен, тимот е лимитиран, а згора на тоа внесе немир во соблекувалната со своето однесување на претходниот натпревар против Швајцарија.

Први кои застанаа во одбрана на Кристијано се неговите сестри, Елма и Катја Авеиро.
Елма на својот профил на Инстаграм спореди голем број пораки, од кои лесно може да се заклучи што точно мисли. Најважната порака е фотографијата на расплаканиот Кристијано под која напиша.
„Убивте човек“.

Попозната сестра на Кристијано е 45-годишната Катја Авеиро, која е пејачка.

„Ова е тоа што ми го скрши срцето. На крајот гледам тоа што е мое, што е наше, а тоа е гордоста која ја имам за Кристијано. И за целата приказна што ја напиша. Со многу страдања, но со уште поголема слава. Со тебе сме брате, до смрт“ напиша Катја.

- Оглас -

Најнови вести