МЗТ Скопје ја најде замената за Ајви, тоа е добро познато име кое минатата сезона го носеше сино-белиот дрес

Македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје експресно реагираше откако Бре Ајви си замина, и го потпиша Американецот Дастин Вер (32 год, 183 см) кој сезонава ќе ја доигра во сино-белиот дрес.

Вер доаѓа во добро позната средина бидејќи во првиот дел од минатата сезона настапуваше за МЗТ Скопје Аеродром.

По заминувањето од МЗТ Скопје, Вер се пресели во француски Шалон Ремс, каде што ја доигра сезоната, а потоа настапуваше за екипи од Венецуела и од Литванија.

Тој доаѓа на местото на Бре Ајви, кој пред неколку дена го раскина договорот со Металците.

- Оглас -

Најнови вести