Штета што нема повеќе фудбалери како Модриќ

Легендарниот српски фудбалски тренер Бора Милутиновиќ (78) кој е првиот што предводел пред различни репрезентации на Светските првенства, го посети кампот на хрватската репрезентација во Доха, Катар, која утревечер од 20 часот ќе го игра првиот полуфинален натпревар против Аргентина.

Милутиновиќ кој ги предводеше Мексико (1986),Костатика (1990), САД (1994), Нигерија (1998) и Кина (2002) на Светските првенства и кој живее токму во Доха, дојде да им даде поддршка на Хрватите пред полуфиналната пресметка со Гаучосите и е импресиониран од игрите што ги прикажува 37-годишниот Лука Модриќ.

“Ќе победи онаа репрезентација што ќе даде повеќе голови ќе победи. Хрватска има шанси, што е нормално кога имаш такви одлични играчи. Модриќ одигра извонредно против Бразил, штета што нема повеќе такви играчи. Но, не е коректно да се споменува само Модриќ кога имаш одличен тим. Хрватските фудбалери ги имаат сите квалитети што треба да ги поседуваат за да стигнат до тука“, рече Милутиновиќ кој имаше пофални зборови и за селекторот Златко Далиќ.

- Оглас -

Најнови вести