Валенсија одигра „кец во два“ со Селта

Валенсија со пресврт од 2-1 на гостувањето кај Селта Виго ја оствари петтата победа во Ла Лига. Во последниот меч од денешната програма во рамките на 20. коло, „лилјаците“ успеаја да се вратат од еден гол негатива против домаќините на „Балаидос“, за трите бода придонесоа две од трите измени на Марселино.

Араухо во 40-тата минута погоди за  Селта, доминацијата во првото полувреме му донесе заслужена предност на домашниот состав. Но, Валенсија ја презеде иницијативата во вторите 45 минути, па набрзо откако Марселино посегна по клупата, во игра влегоа Торес и Гамеиро, па и двајцата учествуваа во комплетниот пресврт. Младиот Феран Торес во 71-та минута ја врати неизвесноста на мечот, додека францускиот напаѓач  во 84-та минута му асистираше на Родриго за вториот гол на гостите и конечни 2-1.

Валенсија по оваа средба направи подвиг на табелата и сега се на седмото место со 26 бода, но дури пет екипи зад нив допрва треба да ги одиграат свои натпревари се закана за седмата позиција на „лилјаците“. Селта го запиша четвртиот последователен пораз во првенството, а по 20 натпревари се едно место над зоната за испаѓање со 21 бода.

https://www.youtube.com/watch?v=i-6mFzhMF14

- Оглас -

Најнови вести