Дали конечно ќе му се исполни желбата на Мурињо да стане селектор, Португалците се подготвени на компромис

Фудбалската федерација на Португалија нема намера да му ја исполни желбата на Фернандо Сантош и понатаму да остане селектор по елиминацијата од Мароко на СП во Катар и нивна желба е следен селектор да биде Жозе Мурињо.

За да успеат да го намамат Мурињо со функцијата за која неколку пати истакна дека му е сон, во Федерацијата се подготвени на компромис, односно на „Специјалниот“ да му овозможат да извршува две функции во исто време. Мурињо е актуелен тренер на Рома, но во Федерацијата се подготвени да му дозволат да остане на клупата на Римската волчица во исто време кога би ја предводел и Португалија.

Иако во останатите спортови често се случува селекторот на некоја репрезентација да биде и тренер на клуб, во фудбалот е вистинска реткост и доколку Мурињо прифати да ја води Португалија, ќе влезе во елитно друштво на легендарни фудбалски тренери.

Досега единствени кои воделе и репрезентација и клуб се Виторио Поцо (Италија и Милан), Марио Загало (Бразил и Богафого), Ринус Михелс (Холандија и Барселона), Леонид Слутски (Русија и ЦСКА Москва), Фатих Терим (Турција и Галатасарај), сер Алекс Фергусон (Шкотска и Абердин), Гус Хидинг (Австралија и ПСВ).

- Оглас -

Најнови вести