Здравствената состојба на некогашниот српски фудбалер Синиша Михајловиќ не е добра. Според пишувањата на српскиот „Спортал“, вестите од Италија каде што Михајловиќ е во болница не се добри.
Според пишувањата, по разговори со блиски пријатели на Михајловиќ, прогнозите не се добри, но секако постои надеж.
„Синиша е во болница и е свесен. Буден е. Не е во кома како што некои објавија. Никогаш не бил во кома. Денеска дури е и подобар од вчера и завчера, но и понатаму е во Божји раце“, е изјавата на пријател близок на некогашниот фудбалер.
„Може да живее 10 дена, но може и 30 години. Таква е оваа болест. И тој самиот е свесен за тоа. Свесни се и сите во неговата фамилија“, вели близок пријател на популарниот Миха.
Во летото 2019 година за првпат му беше констатирана леукемија на Михајловиќ. Првиот бран на опасната болест го помина со неколку терапии, а потоа се врати во фудбалот како тренер. Три години болеста беше добро контролирана, но од пред 10-тина дена ситуацијата со неговото здравје дополнително се влошила. Сите пријатели и добри луѓе му упатуваат пораки со поддршка на Михајловиќ.