ТФТ Скопје успеа да го победи Пелистер во дербито на десеттото коло во Првата македонска кошаркаркса лига во меч со многу кошеви.
Тафталиџани славеа со 95:90 во интересен финиш и тоа им е шеста победа во 10 натпревари.
Домаќините ги добија првите три четвртини и во последниот период влегоа со предност од 10 разлика, 72:62.
Пелистер се обиде да направи голем пресврт, но не успеа и го доживеа вториот пораз, иако ги имаше двајцата најефикасни кошаркари на мечот.
Карпентер постигна 30 поени за битолчани, а Мустафица запиша 28 поени за гостите.
Најефикасен кај ТФТ Скопје беше Александар Костоски со 23 поени, а зад него е Андерсон со 19.