Мурињо: Одбив три клуба, ми треба предизвик

Откако Жозе Мурињо си замина од Манчестер јунајтед, најтрофејниот англиски клуб реди само победи. Без Мурињо на клупата, Манчестер има седум победи по ред, со што само се потврди дека португалскиот стратег бил главниот виновник за слабата игра во првиот дел од сезоната. И покрај тоа што сезоната беше очаен во Манчестер, интересот за негово ангажирање не е спласнат.

„Добив три понуди за работа, но сите ги одбив. Не беше тоа што го сакав. Мирен сум, бидејќи колку повеќе време ќе помине, толку подобро ќе се подготвам. Следниот мој тим треба да ми донесе вистински предизвик и тоа да ме направи среќен“, вели Мурињо.

Португалецот објасни како Манчестер сити и Ливерпул ги промениле составите, откако на клупата биле назначени Пеп Гвардиола и Јирген Клоп.

„Видете во Манчестер сити. Во првата сезона на Пеп Гвардиола, тимот не стана шампион. Во втората сезона, Пеп направи големи промени, но доби поддршка од челниците на клубот. Не ги сакаше Забалета, Сања, Коларов, Клиши, а ги доведе Данило, Менди… Доби поддршка во обид да стигне до титулата. Исто е и во Ливерпул. Колку од овие фудбалери беа во тимот пред да дојде Клоп? Ги немаше Алисон, Бекер, Ван Дајк, Робертсон, Салах, Фирмино, Мане, Фабињо, Вајналдум, Кеита… Тоа е работата на менаџерот“, објасни Мурињо, кој во Манчестер не доби „одврзани раце“ да состави тим по некој мерак.

- Оглас -

Најнови вести