Вучиќ: Мароканците се наши браќа, ќе навивам за нив против Хрватска

Хрватска против Мароко ќе игра во борба за третото место, во дуел на две екипи кои веќе еднаш играа на Мундијалот во Катар, и тоа во групната фаза. Тој меч заврши без погодоци, но овојпат ќе мора да има победник за да се дознае селекцијата која ќе го освои третото место на планетарниот собир.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој гостуваше на РТС беше запрашан за кого ќе навива во завршницата на Мундијалот.

„Во финалето уште не знам за кого ќе навивам, но знам за кого ќе навивам во дуелот за трето место. Ќе навивам за Мароко, тие се нашите браќа кои никогаш нема да го признаат независно Косово. Тие имаат проблем со Западна Сахара. Сега ќе речете дека цел Нови Пазар навива за Мароко, а јас треба да речам дека нема да навивам за нив затоа што се Муслимани? Па тие се наши браќа, пријатели“, вели Вучиќ.

Претседателот на Србија откри дека во полуфиналето навивал за Аргентина против Хрватска, што значи дека во ниедна варијанта немал опција да го бодри соседот.

„Ги почитувам сите. Одете на море во Хрватска, јас нема. Навивајте за Хрватска, колку ве има 11-12 отсто, јас нема. Честитки за одличниот успех, но јас навивав за Аргентина и за сите други, да бидам искрен. И во иднина ќе биде така и никој нема да ми забрани и секогаш ќе зборувам слободно“, вели Вучиќ.

- Оглас -

Најнови вести