Прогнозерите покажале дека знаат да направат добитна комбинација

Вкупно осум меча кои беа дел од ова коло на Спортска прогноза се одиграа вчера, додека за денеска и утре остануваат уште пет средби, по кои треба да биде познато дали ќе го имаме и првиот добитник на iPhone XS. Како вовед на средбите кои преостанаа, ви нудиме еден интересен тикет, кој ќе го одиграме според мислењето на поголемиот дел од оние 555 прогнозери кои земаа учество во трката за освојување на подароците.

Во 15 часот играат Фиорентина – Сампдорија, а дури 75 отсто од прогнозерите веруваат во победа на домаќините. „Виолетовите“ ја имаат улогата на фаворит, а коефициент за „единица“ во Sport Life е 1,85. Ако се верува на три четвртини од играчите на Спортска прогноза, тука не треба да има дилеми околу победникот.

Од сите паровите кои ќе ви ги понудиме, најголема дилема е за мечот Рајо Вајекано – Реал Сосиедад. Во овој случај, малку се тие кои очекуваат победа на домаќините, но затоа неверојатно е израмнет процентот на прогнозерите кои очекуваат „икс“ или победа на гостите. За двата знака, има по 39 отсто од прогнозите, што значи дека Х2 е добитна варијанта. Коефициентот за овој двознак е 1,48.

Лион му гостува на Сент Етјен во еден од најголемите дерби дуели во Франција. Иако игра на туѓ терен, дури 50 отсто веруваат Лион дека ги освои трите бода од ова гостување. Ова е премногу храбра игра, бидејќи Сент Етјен е пред Лион на табелата, а и на домашен терен сезонава нема ниту еден пораз во 10 меча (8 победи и 2 реми). Сепак, ќе веруваме на чувството на прогнозерите, па затоа би одиграле за победа на Лион со коефициент 2,25.

Милан утре гостува кај Џенова на Горан Пандев, а две третини од прогнозерите веруваат во триумф на „росонерите“. Точно 66,67 отсто одиграле на „двојка“, што е повеќе од доволно да нема дилеми за коефициент 1,58. Ова коло на Спортска прогноза завршува утревечер со мечот Еибар – Еспањол. Тука, домаќините се фаворити, бидејќи 41 отсто веруваат во победа на Еибар, додека двојно помал е коефициентот за триумф на гостите. Победа на Еибар во Sport Life е со коефициент 2,10.

 

- Оглас -

Најнови вести