Разочарувачки се резултатите на МЗТ Скопје Аеродром по првите 10 кола во АБА-лигата, па македонскиот првак е на дното од табелата само со две победи. Аеродромци вечерва гостуваат кај Задар, тим кој е со биланс од шест победи и четири порази и според квотите во Sport Life, домаќинот е голем фаворит за победа.
За квалитетот на Задар говори и фактот дека овој тим славеше над Црвена ѕвезда во Белград, што е единствен пораз на АБА-шампионот сезонава. Тоа го знае и еден од најискусните кај МЗТ Скопје Аеродром, Адем Мекиќ, кој сепак не губи надеж дека може да се изненади домаќинот.
„Против себе имаме силна екипа која игра со голема самодоверба, што се гледа и преку победата против евролигашот Црвена ѕвезда. Предводени се од Лука Божиќ, еден од најдоминантните кошаркари сезонава во АБА-лигата. Клучно ќе биде да ја сопреме нивната транзиција и скок-игра. Задар има добри резултати, но тоа не значи дека се непобедливи. Претходните две гостувања ги загубивме на „една топка“, но верувам дека ќе имаме повеќе среќа во завршницата од овој дуел“, вели Мекиќ.
Освен дуелот во Задар, денеска играат и Борац Чачак – Сплит, а во понудата на Sport Life има 14-мина играчи во понудата „плус-минус“ поени. Од МЗТ може да се обложите на бројот на поени на Мичовиќ (13, 5 поени), Војдан Стојановски (11,5 поени) и Кафи (13,5 поени).