По шокантната информација за смртта на Синиша Михајловиќ, фудбалскиот свет се збогува со големата легенда, кој ја загуби животната битка со леукемијата денеска на возраст од 53 години.
Колку беше ценет, потврди и неговата последна јавна средба пред неколку дена, кога ненајавен пристигна на промоцијата на книгата на познатиот тренер Зденек Земан во Рим.
Михајловиќ пристигна тивко во римската книжарница „Либрацио“, која беше преполна и предизвика овации од присутните и го расплака чешкиот тренер.
„Зденек не освои премногу пехари, но всушност тој е меѓу најтрофејните тренери на светот бидејќи создаде многу фудбалери и донесе нова димензија во италијанскиот фудбал. Остави неизбришлива трага во Калчото“, изјави Михајловиќ.
Фотографиите со Земан и тие на неговата промоција се последни објавени за Михајловиќ пред неговата смрт.
Пораки со сочуство за неговото семејство пристигнаа од сите страни, а од извонредниот српски ас се простија гигантите Милан, Фиорентина, Лацио, Рома, Црвена ѕвезда, Партизан, Војводина…