Трагедијата ги сплоти фудбалските легенди – Во Катар денеска сите се Синиша Михајловиќ 11

Трагичната вест дека почина Синиша Михајловиќ денеска ги сплоти и легендите на фудбалската игра кои одиграат ревијален меч во Катар прд завршницата на Мундијалот.

Снајдер, Гути, Гомеш, Матераци, Салгадо и уште дузина поранешни познати асови беа шокирани од трагичната вест, а реагираа во чест на Михајловиќ со тоа што сите со маркер на грбот на дресовите напишаа „Синиша 11′.

Тоа беше омилената бројка на бомбардерот и еден од најдобрите играчи во последните 30-тина години.

Михајловиќ денеска почина на 53-годишна возраст по долгата битка со леукемијата. Беше хоспитализиран пред неколку дена и информациите за неговата состојба го наговестуваа најлошото.

За жал, Синиша не успеа да ја добие најважната животна битка, а од него денеска се простува фудбалскиот свет во кој остави траен белег.

 

- Оглас -

Најнови вести