На 13 декември 1998 година на „Олимпико“ во Рим играа Лацио и Сампдорија. Навидум обичен натпревар од италијанската Серија А, но таа средба ќе остане запаметена по подвигот што го направи Синиша Михајловиќ, српскиот велемајстор за слободни удари, кој почина денеска и го натажи фудбалскиот свет губејќи ја борбата со леукемијата.
Не еден, не два, туку три гола од слободни удари постигна Михајловиќ на тој меч против Сампдорија и придонесе за победата на Лацио од 5-2. Само уште Џузепе Сињори има направено хет-трик на средба од Серија А со три гола од слободни удари.
За Синиша, слободните удари беа како пенали. Погледнете ги неговите трите гола од слободен удар на тој меч против Сампдорија:
https://twitter.com/i/status/1602597830539071490