Синиша Михајловиќ беше голем спортист, сакан и почитуван од неговите ривали, па веста за неговата смрт ги потресе сите.
Вечерва последен поздрав до него испратија навивачите во Белград и Болоња, и тоа не на фудбалски, туку на кошаркарски мечеви од Евролигата.
Фановите на Партизан истакнаа транспарент во чест на екс играчот на Црвена ѕвезда, а Партизан се погрижи на големиот екран во салата да се појави ликот на покојниот Михајловиќ кој денеска ја загуби битката со леукемијата. Инаку, Црно-белите ја добија драмата против Анадолу Ефес со 82-79.
Во Италија, почит кон мртвите се покажува со краток молк и потоа аплауз како благодарност за тоа што го има направено покојниот додека бил жив, па навивачите на Виртус гласно го поздравија Синиша на кого последната работа како тренер му беше во Болоња.
Virtus fans honoring the memory of Sinisa Mihajlovic pic.twitter.com/n6Vd4cSkeO
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) December 16, 2022