Белград и Рим се простуваат од Михајловиќ, реки од луѓе и солзи (Фото)

Фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда одржа комеморација по повод смртта на Синиша Михајловиќ.

Србите се простуваат од својата фудбалска легенда која остави длабока трага, заедничко за сите е што сметаат дека Миха си замина прерано, но леукемијата која во нападна пред три години, се покажа како непремостлива пречка.

Таму присуствуваа многу легенди на клубот, меѓу кои беше и Илија Најдоски како член на златната генерација на Ѕвезда која во 1991 година стана европски првак.

Простување од Србинот кој речиси 30 години и играше и работеше како тренер во Италија, има и во Рим, каде утре ќе биде и погребот. Потресеното семејство на Синиша е покрај ковчегот, а колони луѓе чекаат да му се поклонат и да остават некој сувенир.

Ковчегот со телото ќе биде истакнат до 18 часот.

- Оглас -

Најнови вести