На Ван Нистелрој веќе му е јасно за Гакпо: Дојде време кога веќе не можеме да кажеме „Не“ (Фото)

Коди Гакпо блескаше на Мундијалот во дресот на Холандија и веќе е јасно дека ќе си замине од ПСВ Ајндховен во зимскиот преоден рок.

Левото крило на Холандија и на познатиот клуб од Ајндховен постигна 3 гола на Светското првенство и беше веројатно и најдоброто Лале на турнирот, на кој ренмираната репрезентација испадна во четвртфиналето од Аргентина по голема битка и на пенали.

За Гакпо има многу заинтересирани клубови, пред се Манчестер јунајтед, а се спомнува цена од 50 милиони евра како отштета за 23-годишниот офанзивец.

И за тренерот на ПСВ Ајднховен, Руд Ван Нистелрој работата е веќе јасна, дека клубот нема да може да го задржи Коди.

„Има период кога веќе не можете да кажете „Не“. Така е и со Коди сега. Немоќни сме да го задржиме“, изјави Руд Ван Нистелрој.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1604232653447864321?s=20&t=RcCjkXf1v4NWba9YwRSeJw

Интересно е што тој играше за Манчестер јунајтед,па Гакпо може да тргне по неговите стапки, иако се работи за сосема различен тип на фудбалери, бидејќи Руд беше центарфор, а Гакпо е крилен играч.

 

- Оглас -

Најнови вести