Јувентус сака да го украде човекот што го донесе Елмас во Наполи и направи тим со шампионски калибар

Јувентус подготвува силен удар за Наполи и ќе се обиде да го „украде“ Кристијано Џунтоли, творецот на тимот со шампионски калибар од југот на Италија.

Џунтоли е спортски директор на Наполи од 2015 година и тој е човекот што го донесе и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во клубот и уште многу други значајни засилувања.

Наполи сега е тим со шампионски калибар и тоа го потврди во првиот дел од сезоната во Серија А со 41 освоен бод по 15 кола на првото место.

Јувентус е во голема криза, а го погоди и скандалот со финансиските малверзации, за што се води истрага, а целиот борд на директори си поднесе оставка.

Актуелниот спортски директор на Старата дама, Федерико Черубини, сè уште ја извршува важната функција, но се најавува дека и тој ќе биде сменет.

Со тоа се отвора чиста позиција за Џунтоли, па од него зависи дали ќе се пресели во Торино кај најтрофејниот италијански клуб во Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести