Рекордот на Америка преживеа, Мундијалот во Катар е трет најгледан во историјата

Рекордот на Соединетите Американски Држави од Светското првенство во 1994 година со 3,6 милиони гледачи на стадионите сè уште е недостижен рекорд, а Мундијалот во Катар сега е трет во историјата на најзначајниот фудбалски настан.

ФИФА објави дека малку повеќе од 3,4 милиони луѓе беа на трибините на Светското првенство во Катар што се одржа од 20 ноември, а заврши вчера со победа на Аргентина против Франција на пенали во големото финале.

Финалето го следеа 89 илјади гледачи на „Иконик Лусаил арената“ во Лусаил.

Пред Мундијалот во Катар, според бројот на гледачи на трибините е и шампионатот во Бразил во 2014 година.

Тогаш официјално беа продадени вкупно 3,43 милиони билети, а титулата ја освои Германија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести