Аргентинците се во делириум откако Лионел Меси и соиграчите по 36 години успеаја да станат светски шампиони и поради тоа им беше приреден спектакулен пречек на фудбалерите, а имаше и емотивни моменти кои го воодушевија светот.
Еден од тие моменти е кога млад Аргентинец прегрнува бездомник и потоа го соблекува дресот и му го подарува за и тој да може да се приклучи на прославата на големиот успех на фудбалерите. Човекот поради прекрасниот гест падна на колена и заплака.
Argentine homeless man in Buenos Aires gets Argentina football jersey pic.twitter.com/vKM1IbCVtA
— Martin Varsavsky (@martinvars) December 19, 2022
Уште една прекрасна сцена беше таа кога навивачи кои одеа на дочекот на фудбалерите, забележаа дека на балкон од една зграда стои слеп човек за да ја почувствува атмосферата и да го прослави големиот успех.
Навивачите застанаа и почнаа да му ракоплескаат, потег кој предизвика големи емоции кај господинот.
These Argentina fans started singing to a blind man who was standing on his balcony to celebrate the victory with him.
The beauty of sports ❤️
(via fatenjebai/TikTok) pic.twitter.com/f6fJpkxOAq
— ESPN FC (@ESPNFC) December 19, 2022