Хари Винкс погоди за првпат сезонава за Тотенхем и тоа во вистински момент, во 94. минута, за вредна победа на својот тим во лондонското дерби со Фулам.
Винкс погоди со глава за 1:2 и за три бода, а Тотенхем успеа да се врати по шокантниот автогол на Љоренте во 17. минута. Напаѓачот беше замена за повредениот Хари Кејн, но наместо противничката мрежа, ја погоди таа на спротивната страна.
Израмни Деле Али во 51. минута на асистенција на Ериксен, а Н`Куду и Винкс одигра победничка акција во последните моменти за триумф на Тотенхем.
Со новите три бода, Тотенхем остана на третата позиција со 51 бод, девет помалку од лидерот Ливерпул и пет од Манчестер сити.
https://www.dailymotion.com/video/x70zhej