Килијан Мбапе не успеа да го повтори подвигот на Пеле и само со 23 години да има две светски титули, иако голгетерот на француската репрезентација одигра блескаво во финалето на Мундијалот. Мбапе е само вториот фудбалер во историјата кој успеал да постигне хет-трик во финале на СП, но, за жал, тоа не беше доволно да се победи Аргентина, која на крајот славеше по подобро изведување на пенали.
Мбапе беше разочаран по финалето, но многу брзо покажа колку е голем професионалец откако за неполни три дена, односно само по 64 часа откако заврши финалето во Катар, се врати во Париз, и тоа на тренинг на неговиот Пари Сен Жермен.
На голгетерот му беше дозволено да има неколку дена одмор пред да се врати на клупските обврски, но тој реши веднаш да се посвети на Светците и да може максимално да биде подготвен за следните предизвици.
За разлика од Мбапе, неговиот соиграч Нејмар, кој уште пред 10-тина дена го заврши настапот на Мундијалот, уште е во родниот Бразил и ужива во одморот. Одмор доби и Лионел Меси, кој стана светски првак и тој треба подоцна да ѝ се приклучи на екипата.
🔙 Reunion between @KMbappe and coach Christophe Galtier 🔴🔵 pic.twitter.com/uGWg4eKdoQ
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) December 21, 2022