Аркадиуш Милик се разигра, сезонава веќе има 11 голови во Серија А, а и вечерва покажа дека се претвори во вистински мајстор за слободни удари. Сезонава имаше неколку прекрасни голови од прекин. И вечерва блесна против Лацио.
Во 37.минута од мечот меѓу Наполи и Лацио, Полјакот постигна прекрасен гол, а на гостите од Рим не им успеа тактиката да се бранат од опасните слободни удари и со голман и со играч на гол-линијата.
Милик беше прецизен, па Лукас Леива и голманот Стракоша само со поглед ја испратија топката во мрежата.