Еве кој му овозможи на Салт Бае да дивее со Златната божица по финалето на Мундијалот (Видео)

Однесувањето на турскиот готвач Нусрет Гокче, алијас Салт Бае, по финалето на Мундијалот во Катар сè уште е топ-тема, а симпатизерите на фудбалот се згрозени од неговото дивеење на теренот.

Гокче ги тегнеше за ракав Меси и неговите соиграчи од аргентинската репрезентација за да го добие пехарот и да се фотографира со него, што изгледаше одвратно, а такви се и реакциите на симпатизерите на фудбалот.

Иако е домаќин на многу познати гости од светот на познатите со своите кулинарски вештини, Салт Бае претера и го собра гневот на обичните луѓе со неговиот однос по финалето.

Прашањето е кој му дозволи да биде на теренот и да ги малтретира шампионите од Аргентина да му го даваат пехарот и да се фотографира со нив е за ФИФА?

Јасно е дека турскиот готвач имаше акредитација од ФИФА за да може непречено да се движи секаде на стадионот „Иконик Лусаил“ бидејќи без таква специјална акредитација невозможно е да се биде на терен со играчите на финале на Светско првенство.

Вината е само кај ФИФА, а видеоматеријалот со Салт Бае со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, од Дубаи јасно кажува сè за тоа кој е виновникот за скандалот по завршувањето на финалето во Катар.

Salt Bae and Infantino from soccer

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести