Големата победа на Партизан над Фенербахче во Истанбул како да беше мотивација плус за Црвена ѕвезда и таа да победи на гости против некогашен еверопски првак, во случајов Олимпијакос.
Црвено-белите од Белград ги победија Црвено-белите од Пиреа со 90-86 и сега се на скор 8-7. Ако денеска завршеше сезоната во Евролигата, Ѕвезда ќе играше плејоф.
Вилдоза со 22 поени беше предводник на Ѕвезда, а Петрушев беше џокерот со 14.