Алегри откри која е минималната цел на Јувентус за оваа сезона

Помалку од две недели остануваат до продолжување на возбудувањата во италијанската Серија А, а тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, откри која е целта што секако мора да биде постигната во оваа сезона.

„Нашата минимална цел за оваа сезона е да останеме во челната четворка на табелата, но исто така ќе се обидеме колку е можно повеќе да се доближиме до Наполи, кој има сериозна предност. Тука се и мечевите од Лигата на Европа, потоа Купот на Италија. Би било убаво до крајот на сезоната да одиграме уште 36 натпревари“, вели Алегри.

По 15 одиграни кола во Серија А, Јувентус има освоено 31 бод и е на третото место на табелата, што е дури 10 помалку од лидерот Наполи. На табелата потоа следуваат Милан со 33 бодови, Јувентус 31, Лацио 30, Интер 30, Аталанта 27, Рома 27…

На 4 јануари, Јувентус ќе гостува кај Кремоезе, кој е во зоната за испаѓање, што е добра шанса Старата дама да ја стартува новата година со триумф.

- Оглас -

Најнови вести