Пеп Гвардиола и Карло Анчелоти ја одбија понудата на Бразил за нов селектор на најтофејната нација на светот, па сега Кариоките ќе се обидат со Жозе Мурињо и Луис Енрике.
Интересно е што италијанска „Република“ објави дека Мурињо има понуда и од Португалија, па сега може да бира меѓу вистинските и европските Бразилци.
Најавено е дека Жозе сигурно останува во Рома до почетокот на идната година и дека ќе одговори на двете понуди, од Португалија и Бразил во јануари.
Луис Енрике доби отказ од Шпанија по лошиот настап на Мундијалот во Катар, а ја дели судбината на Бразилецот Тите, кој си замина од кормилото на Кариоките и на Сантос, кој веќе не е селектор на Португалија.
Сега Енрике има шанса да биде селектор на Бразил, а таква варијанта најавуваат дел од бразилските медиуми.