1245 Сент Мирен – Абердин (Премиерлига, Шкотска, 13.30 часот)
Мина тешкото за Бојан Миовски и за Абердин со два дуели по ред против гигантите Селтик и Глазгов ренџерс и за несреќа за нив доживеаа два порази што можеа да се избегнат, со голови во финишот .
Сега гостите очекуваат да почнат нова победничка серија против Сент Мирен, тим што е послаб од нив и е зад нив на табелата.
Битката за Абердин е да се победи и да се остане на третата позиција зад Селтик и Глазгов ренџерс.
Миовски ќе се обиде со гол(ови) пак да биде сам на врвот на листата со најдобри стрелци, а моментно со 11 погодоци го дели врвот со Шенкланд од Хартс, со Фурухаши од Селтик и со Чолак од Глазгов ренџерс.
Предлог тип: Х2&0-3 (1.86)
1246 Селтик – Сент Џонстон (Премиерлига, Шкотска, 13.30 часот)
Селтик ја има една од најдолгите серии без пораз во Европа, токму против денешниот ривал Сент Џонстон.
Келтите се непоразени на 24 меча по ред, или од 2016 година, а според квалитетот и моментната ситуација во Шкотска, тоа нема да се случи и денеска.
Последното гостување на Сент Џонстон на „Селтик парк“ не беше баш за паметење и гостите сигурно ќе сакаат да избегнат нов пораз од 7:0.
Интересно е што Сент Џонстон доаѓа во Глазгов со одлична серија од 6 меча без неуспех и е во плејоф зоната, на петтото место со 24 бода, или точно двојно помалку од лидерот Селтик.
Очекуваме гостите да постигнат барем еден гол, а Селтик да победи.
Предлог тип: 1&ГГ (2.95)
1954 Касимпаша – Сиваспор (Суперлига, Турција, 14 часот)
И двете екипи беа во лоша форма пред паузата поради Мундијалот, па се надеваат дека имаа доста време да ги откријат слабите страни и да тргнат победнички во продолжението на првнството.
Касимпаша е без победа во Суперлигата на пет меча по ред и тоа ги чинеше пад на 14. место кое е блиску до опасната зона за испаѓање.
Сиваспор нанижа четири натпревари без триумф и тие веќе се во појасот со четири екипи кои би испаднале, ако првенството заврши сега.
Мечот е исклучително значаен за двете екипи, очекуваме тврд фудбал и реми.
Предлог тип: Х (3.40)
1106 Хибернијан – Ливингстон (Премиерлига, Шкотска, 15 часот)
Хибернијан ја дочека паузата поради Мундијалот во Катар со три порази, а продолжи со уште еден, но овој беше очекуван во дуел со 55-кратниот првак Глазгов ренџерс.
Популарните Хибс одиграа одличен меч на „Ајброкс“ парк, водеа со 2:1, но беа поразени од Ренџерс со 3:2 во игра што може да ги охрабри.
И Ливингстон е со два меча едноподруго без победа, а овој меч е многу значаен и во битката за пласман на првите шест позиции кои водат во плејофот.
Гостите моментно се шестти со 23 бода и меч помалку од Хибернијан, кој има 20 бода на осмото место.
Предлог тип: Х2&ГГ (3.35)
1955 Трабзонспор – Фенербахче (Суперлига, Турција, 17 часот)
Според последните информации од Турција. Џани Алиоски нема да игра денеска за лидерот Фенербахче, против Трабзонспор, чиј член е Енис Барди.
Тоа значи дека ќе нема дуели на терен на двајцата стандардни репрезентативци на Македонија.
Фенер е лидер и очекува да остане на врвот и по тешкото гостување на брегот на Црното море, во Трабзон.
Барди и соиграчите сакаат победа за да се приклучат во битката за титулата и ако успеат можат да му се доближат на Фенербахче на само три бода разлика.
И двете екипи се во одлична форма, а Трабзон има серија од 7 меча без пораз, пет од нив со нерешен исход.
Фенер има низа од пет победи, но денеска некако најреално е дербито да заврши без победник.
Предлог тип: Х (3.40)