Кошаркарите на Олимпија Милано со 79:71 го совладаа Монако и тоа благодарение на неверојатната последна четвтина која ја добија со 28:9. Одлучувачки момент беше серијата од 17:0 на Олимпија која од 58:70 дојде до 77:70. Херој на италијанскиот тим беше Били Берон кој даде 23 поени, додека кај Монако се истакна Мајк Џејмс со 24 постигнати поени.
Кошаркарите на Валенсија ја совладаа Барселона во шпанската пресметка во Евролигата со 84:83. И двете екипи се менуваа во водство во првото полувреме, а во вториот дел подобра да биде Валенсија која во последната четвртина дојде и до двоцифрена предност (79:69). Но, Каталонците не се предадоа и на 14 секунди до крајот, Никола Миротиќ постигна тројка со која намали на 81:80.
Потоа, Каталонците направија брз прекршок, а од линијата за слободни фрлања прецизен беше Крис Џонс. Во следниот напад, Лапровитола го промаши шутот за продолжение, а Џонс погоди едно од двете слободни фрлања. Во последниот напад, Калиниќ погоди тројка но тоа беше недоволно.
Хасиел Риверо со 16 поени беше најдобар кај валенсија, додека Николас Лапровитола со 28 поени беше прв играч на Барселона.
Предноста на домашен терен ја искористија и шампионот Анадолу Ефес кој со 88:69 го победи Панатинаикос, како и Жалгирис кој славеше над Баерн со 75:67.
Резултати: Анадолу Ефес – Панатинаикос 88:69, Жалгирис – Баерн 75:69, Олимпија Милано – Монако 79:71, Валенсија – Барселона 84:83.