Матијас Погба излезе од затвор и тргна во контранапад: Брат ми Пол плаќаше врач за да му фрли клетва на Мбапе

Матијас Погба, постариот брат на фудбалската ѕвезда Пол Погба излезе од затвор по три месеци, а случајот со обид за изнуда на пари продолжува.

Матијас е обвинет дека бил дел од групата што се обидела да изнуди пари од неговиот брат Пол, а барале 11 милиони фунти.

Пол им дал 100.000 фунти и веднаш го пријавил братот во полиција, а Матијас беше уапсен и испратен во затвор во септември годинава.

Се очекува судска разврска, а Матијас, кој има 32 години и е три лета постар од Пол, не смее да комуницира со својот помлад брат и со мајка им, а и не смее да ја напушта Франција.

Скандалот со кавгата на двајцата браќа и сериозните обвинувања не завршува тука, откако Матијас успеа од затвор да објави неколку видеа со нечија помош, во кои тврди дека Пол Погба користел врач за да му фрли магија на Килијан Мбапе.

Пол навистина плаќал врачеви, самиот го призна тоа, но вели дека никому не му наштетил, туку се обидел да си помогне самиот на себе по зачестените повреди што му влијаат на кариерата.

Поради повреда тој не играше на Мундијалот во Катар, каде Франција играше во финалето, но загуби од Аргентина и не успеа да ја одбрани круната од 2018 година што ја освои на СП во Русија.

 

- Оглас -

Најнови вести