Александер Овечкин беше главен актер во победата на Вашингтон кепиталс против Винипег џетс со 4:1, а со двата гола што ги постигна стана само третиот хокеар во историјата на НХЛ лигата со над 800 погодоци.
https://twitter.com/NHL/status/1606481442615304194?s=20&t=frAmWKlUrUGA4G_9IbYwiw
Руската машина на мраз има точно 802 гола и го мина Горди Хау на второто место на вечната листа со хокеари во НХЛ со најмногу голови.
Winnipeg Jets pay respect to Alex Ovechkin after the game. Awesome. pic.twitter.com/SWS4XmmDot
— Brady Trettenero (@BradyTrett) December 24, 2022
Во има на својот татко на Овечкин му честиташе Марк Хау, а сега ниту рекордот на големиот Вејн Грецки не е недостижен.
From the son of Mr. Hockey himself, Mark Howe congratulates the #Gr8 on #Gr802#ALLCAPS | @LeidosInc pic.twitter.com/tG1AV7YpGp
— Washington Capitals (@Capitals) December 24, 2022
Грецки е асполутен рекордер во НХЛ лигата со 894 погодоци, а ако 37-годишниот Овечкин сака да го престигне ќе мора да игра барем уште една сезона, односно да ја доигра оваа и да настапи и во идната.
Моментно Овечкин има постигнато 22 гола во ова издание на НХЛ лигата, каде има уште 50-на натпревари во регуларниот дел, па потоа следи и плејоф.
Се очекува Овечкин со ова темпо да даде 50-60, или повеќе погодоци што му е просек во последните 6-7 сезони.
Тоа би значело дека би имал околу 830-40 погодоци, што би му овозможило со ефикасна сезона 2023/24 да го урне рекордот на Грецки и да биде првиот хокеар во историјата на НХЛ со 900, или повеќе голови.