Легендарниот Том Брејди донесе уште еден пласман во Супербол за „патриотите“ (Видео)

Њу Ингланд патриотс ќе игра уште во едно финале на НФЛ-лигата откако во драматичен дуел го победи Канзас сити со 37:31, дури по продолжение. Предводник на „патриотите“ до нов настап на Суперболот е легендарниот Том Брејди, кој дури деветти пат во кариерата ќе се најде во мечот кој одлучува за големиот трофеј.

Њу Ингланд добро го отвори мечот и поведе со 14:0. „Патриотите” имаа предност и од 31:28 во последната минута од мечот, но Канзас го имаше последниот напад. Успеаја да стигнат до 21 јард од голот на противникот, направија акција за тачдаун, но неуспешна, а во последниот обид, со шут за три поени, израмнија на 31:31 на осум секунди до крајот.

Иако се изборија за продолжување, во клучните моменти дојде до израз искуството на Њу Ингланд. „Патриотите“ организираа неколку добри напади и стигнаа до тачдаун, кој ги однесе и во финалето на НФЛ.

Суперболот ќе се игра на трети февруари, а Брејди и останатите за ривали ги имаат Лос Анџелес рамс.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести