Хрват го има најоригиналниот коментар за засилувањата на Црвено-белите: Како тргнале, ќе го земат и Роналдо

Шампионот во АБА лигата, Црвена звезда, минатата недела потпиша договор со Аргентинецот Факундо Кампацо кој дојде од НБА лигата, а во наредните денови планираат да се засилат и со италијански репрезентативец.

Италијанските медиуми пишуваат дека следна цел на Црвено-белите е Ахиле Полонара, а оваа вест беше причина за хрватски кошаркар да го напише најоригиналниот коментар на социјалните мрежи.

Кошаркарот на грчкиот прволигаш Перистери, Миро Билан се пошегува дека следен играч кој ќе потпише за Црвена звезда ќе биде Роналдо.

„Како тргнале, до крајот на преодниот рок ќе го земат и Кристијано Роналдо“, напиша Билан.

 

- Оглас -

Најнови вести