Најмалку27 лица се повредени поради рушење на метална конструкција на дел од трибина во сала во Каиро за време на кошаркарскиот натпревар од Суперкупот на Египет меѓу Ал Ахли и Ал Итихад.
Натпреварот беше прекинат во третата четвртина при резултат 45:66 за гостите, бидејќи се сруши трибина во салата „Хасан Мустафа“ која е изградена пред три години за потребите на Светското првенство во ракомет.
وقوع جزء من السور الحديدي لمدرج جماهير الاتحاد السكندري اثناء مباراة فريقهم ضد الاهلي في كاس السوبر المصري لكرة السلة للرجال
A part of the stands falls during the 2022 Egypt Basketball men's Super Cup match between Al Ahly SC and Al Ittihad Alexandria Club at Hassan Moustafa pic.twitter.com/5DnI82hOxs
— mohamed (@eltomahawk3) December 24, 2022
Веднаш по несреќата се огласи египетскиот министер за здравство кој потврди дека пред салата имало дури 21 амбулантно возило со кои биле пренесувани повредените навивачи во болница.
За среќа, ниту еден од повредените навивачи не се наоѓа во животна опасност, но поголем дел од нив имаат скршеници на рацете и нозете.
„Трибината се срушила бидејќи имало премногу навивачи на неа“, изјави подоцна, портпаролот на министерството за спорт, Мохамед Фавзи.