Левандовски: Уште сега се знае кој ќе ја освои „Златната топка“ за 2023 година!

Напаѓачот на Барселона, полскиот голгетер Роберт Левандовски, смета дека Лионел Меси е главен кандидат за престижната „Златна топка“ за 2023 година.

Според Левандовски, и Килијан Мбапе може да го добие признанието, но Аргентинецот е во предност затоа што го освои Светското првенство, а Мбапе со Франција беше втор.

„Дали Златната топка за 2023 веќе го има својот сопственик? Се разбира. Можеби тука е уште еден играч на ПСЖ, но само еден од нив го освои Мундијалот, тоа ќе биде одлучувачки фактор во изборот за оваа сезона“ – изјави Левандовски.

Оваа 2022 година „Франс фудбал“ ја додели „Златната топка“ во октомври, и во иднина ќе продолжи исто, бидејќи нема да се гледа учинокот во календарската година, туку во сезоната од август-септември до мај-јуни.

- Оглас -

Најнови вести