Осака сака втор гренд слем по ред, Раониќ го декласира Зверев

Наоми Осака сака нова гренд слем титула и веќе е во четврт-финалето на првиот грендслем турнир во сезоната, на Отвореното првенство на Австралија.

Јапонката го освои последниот од четирите најценети турнири лани, тој во Њујорк, на Отвореното првенство на САД, па сега сака низа. Ноќеска Јапонката беше подобра во три сета од Анастасија Севастова и ќе игра за полуфинале против Елена Свитолина.

И Украинката славеше во три сета, а ја исфрли од игра за титулата Медисон Киз. Во дербито на осминафиналните мечеви, Каролина Плишкова со 2:0 ја победи двојната гренд слем шампионка Гарбиње Мугуруса и има хет-трик настапи во четврт-финалињата во Мелбурн.

Кај мажите, Милош Раониќ експресно го елиминира четвртиот носител на турнирот, Александр Зверев со 3:0 во сетови. Првите два ги доби за малку повеќе од еден час со по 6:1, а во последниот сет имаше битка каква што се очекуваше, но Канаѓанецот повторно беше поуспешен и во тај-брејк со 7:5 во поени ја комплетира победата.

- Оглас -

Најнови вести