Златан Ибрахимовиќ испрати необична празнична честитка за католички Бадник и Божик, а ги покажа мускулите и порача:
„Среќен празник на Вас и на Вашите сопруги! Чао“ е пораката на мускулестиот Швеѓанец, овојпат со боксерски ракавици на себе.
Живата фудбалска легенда има 41 година и се рехабилитира по операцијата на коленото, а замина за САД користејќи го одморот што го доби од тренерот на Милан, Стефано Пиоли.
Популарниот Ибракадабра беше на трибините на НБА мечот меѓу Бруклин нетс и Милвоки бакс.