Арсенал е лидер во Премиер лигата со пет бода повеќе од актуелниот шампион Манчестер сити, но има многу непријатна традиција кога бил на врвот на табелата на Божик.
И сега е така пред утрешниот настап на „Боксинг деј“ и Топчиите се први со 37 бода, но во таква ситуација во минатото дури петпати не ја завршиле успешно мисијата да се биде шампион на Англија.
Во сезоната 1951-52 беа лидери за предновогодишните празници, а завршија како третопласирани зад Манчестер јунајтед и Тотенхем.
Во 1986-87 и 1989-90 минаа уште полошо и на крај беа на четвртото место, а најблиску до титулата беа во 2002-03 кога беа први пред Нова година, но ги претрка Манчестер јунајтед, па Арсенал беше вицешампион.
Последне пат ја пркоцкаа предновогодишната предност во 2007-08 и беа гтрети на крајот на првенството зад Црвените ѓаволи од Манчестер и градскиот ривал Челзи.
5 – Arsenal have failed to win the top-flight on each of the last five occasions that they've been top of the table on Christmas Day:
1951-52 (finished 3rd)
1986-87 (finished 4th)
1989-90 (finished 4th)
2002-03 (finished 2nd)
2007-08 (finished 3rd)Humbug. pic.twitter.com/qthpsSmsFm
— OptaJoe (@OptaJoe) December 25, 2022
Утре од 21 часот Арсенал ќе му биде домаќин на Вест Хем во локалното лондонско дерби на 17. коло во Премиер лигата.