Ол стар бекот на Филаделфија сиксерс, Џејмс Харден, на крајот од сезоната сака да се врати во Хјустон рокетс, тврди новинарот Адријан Војнаровски.
Новинарот пишува дека популарната Брада сериозно размислува да се врати во Хјустон, доколку не преговорите околу новиот договор со Филаделфија, завршат неуспешно.
Харден има договор на уште две години, но постои опција истиот да се раскине на крајот од сезоната, а останувањето во тимот во голема мера ќе зависи од неговата соработка со првата ѕвезда на тимот Џоел Ембид, и дали екипата ќе биде конкурентна во плеј-офот.
Харден пред две години си замина од Хјустон откако побара од управата на Ракетите да го размени во тим што ќе се бори за титулата. Тој замина во Брулин нетс, но не успеа да обезбеди пласман во големото финале иако играше заедно со Кевин Дурент и Кајри Ирвинг, по што беше разменет во Филаделфија.