Екипа од Серија Б има повеќе публика од Наполи и Јувентус, вечерва се очекува чист „кец“

Екипата на Бари вечерва игра против Џенова во рамките од 19-тото коло на италијанската Серија Б, а домаќинот се пофали дека за овој меч има продадено над 40.000 билети. Тоа значи дека стадионот „Свети Никола“, кој собира речиси 60.000 гледачи, ќе биде исполнет повеќе од две третини.

Бари сезонава се бори за место кое води во Серија А за следната сезона, а навивачите им даваат голема поддршка на своите миленици. Сепак, оваа бројка од над 40.000 гледачи е рекорд за тимот во Серија Б, кој може да се пофали дека сезонава има поголема посетеност на домашние мечеви од Јувентус и Наполи.

- Оглас -

Најнови вести