Ливерпул ја продлжи денешната доминација на гостинските екипи во Премиер лигата, откако победи со 3:1 на гости во Бирмингем кај Астон вила. Уште од стартот на мечот гостите покажаа дека се дојдени по трите бода, па Салах погоди за 1:0 по само пет минути игра.
Во 37 минута Салах асистираше за погодок на Вирџил ван Дајк и тоа беше 2:0 за гостите на полувреме. На почетокот на вториот дел, Астон вила се обиде да покаже отпор и Воткинс погоди за 1:2, но потоа домаќините речиси и немаа шанса да израмнат.
Сите дилеми околу победникот ги разреши младиот Стефан Бајчетиќ кој во игра влезе во 79 минута, а даде гол две минути подоцна за 3:1.