Холандскиот напаѓач Коди Гакпо во јануарскиот преоден рок ќе стане фудбалер на Ливерпул. Ова го најави реномираниот новинар Фабрицио Романо, кој пишува дека англискиот гигант веќе потпишал договор со ПСВ Ајндховен.
Челниците на ПСВ се очекува да заработат најмалку 40 евра за трансферот на Гакпо. Напаѓачот во дресот на ПСВ одигра 159 натпревари, во кои постигна 55 гола, а има и 50 асистенции.
За Холандија има 14 настапи во кои постигна шест гола, од кои три му се на Мундијалот во Катар.
Cody Gakpo to Liverpool, here we go! The deal has been signed between the two clubs 🚨🔴 #LFC
Gakpo will travel to England in the next days to undergo medical tests and then sign the contract. pic.twitter.com/tmWJh68WQV
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 26, 2022